Роналд Куман вчера имаше состанок со управатан а Барселона и се шпекулира дека ова лето ќе го напушти клубот.
Куман не ги оправда очекувањата во неговата прва тренерска сезона. Рано испадна од Лигата на шампионите и не ја освои титулата во шпанското првенство. Освен резултатскиот неуспех имаше и конфликт со неколку играчи, а со продажбата на Суарез го налути Меси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Радио Каталонија“ тврди дека на вчерашниот состанок претседателот на Барселона Жоан Лапорта му соопштил на Куман да почека 15 дена. Во тој период Лапорта ќе разговара со потенцијални кандидати и ќе се обиде да му најде замена, во случај да не биде пронајдено тоа што се бара Куман ќе остане во клубот.
Наводно холандскиот стратег поради неговата желба да ја води Барселона се согласил на вакво нешто.