Репрезентативецот Енис Барди доби позитивен тест на Ковид-19 и се наоѓа во изолација. Нашиот репрезентативец е без симптоми и во добра здравствена состојба, потврдија од ФФМ.
Претходно се појави вест дека двајца фудбалери на Леванте, тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Енис Барди се позитивни на Ковид 19.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поради тоа, сите беа во исчекување резултатите од ПСР тестовите, а ФФМ ги потврди лошите вести.
„Енис Барди е без симптоми и се чувствува добро. Ние како лекарски тим постојано ја следиме неговата здравствена состојба. Пред извесно време имал контакт со дел од играчите на Леванте кои исто така имаат позитивен тест на Ковид-19. Останува да се следи состојбата и да веруваме дека ќе помине без промена на клиничката слика“, изјави Александар Савески, дел од лекарскиот тим во А македонската репрезентација.
Фото: ФФМ