Македонската фудбалска репрезентација денеска почнува со подготовките за историскиот настап на ЕУРО. На стартот селекторот, Игор Ангеловски нема да смета на Горан Пандев и Аријан Адеми, кои добија дополнителен одмор.
Меѓутоа, сите се во исчекување на ПСР тестовите, а особено тестот на Енис Барди.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Имено, двајцата фудбалери на Леванте, тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Енис Барди се позитивни на Ковид 19.
Репрезентацијата денеска во 18 часот треба да го одржи првиот тренинг на комплексот на ФФМ, па се надеваме дека се е во ред со Барди и ќе може да ги започне подготовките.