Дома Фудбал Англија Покетино размислува за сензационално враќање во Тотенхем

Покетино размислува за сензационално враќање во Тотенхем

Тренерот на Пари Сент Жермен, Маурисио Покетино може да се врати во Тотенхем, пренесуваат медиумите на Островот.

Според „Сан“ Аргентинецот не е среќен во Париз и сериозно размислува за враќање во Премиер лигата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви ја призна грешката и ќе се обиде да го убеди Покетино да се врати на кормилото на „спарси“.

Тотенхем после отказот на Покетино имаше неуспех со Жозе Мурињо, па сега повторно е во потрага по нов тренер.

Покетино наводно им открил на пријателите дека е спремен да го напушти ПСЖ и да се врати во Тотенхем. Леви се надева дека Покетино може да го убеди Хари Кејн да остане во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…