Дома Трансфер зона Реал го сака СМС, Лацио ја одреди цената

Реал го сака СМС, Лацио ја одреди цената

Италијанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид е заинтересиран за доведување на Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Савиќ одигра уште една одлична сезона во италијанското првенство и веќе од поодамна е мета на „кралевите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Србинот верува дека ова лето е вистинско време да го напушти Лацио и да направи чекор напред во кариерата.

Во Савиќ Реал гледа наследник за Лука Модриќ кој исто така игра добро, но наскоро ќе наполни 36 години.

Лацио е спремен да го продаде играчот за врска, а за неговата слобода бара 70 милиони евра.

Покрај Реал, интерес за Савиќ покажаа ПСЖ и Манчестер Јунајтед, па останува да видиме кој ќе биде спремен да ја плати споменатата сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…