Откако синоќа и официјално обезбедија пласман во Лигата на шампиони, „росонерите“ веднаш почнаа да прават планови за следната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Прва цел ќе биде да ги задржат Факијо Томори и Брахим Дијаз, играчи кои се на позајмица во Милан.
Томори веднаш се наметна во првиот тим и со своите настапи го импресионираше раководството, но и фановите.
Милан во договорот има опција да го откупи на лето за 28 милиони евра, а италијанските медиуми откриваат дека „росонерите“ веќе донеле одлука и ќе ја платат сумата за откуп. Играчот веќе постигна договор за 5-годишна соработка со италијанскиот гигант.
Ситуацијата со Брахим Дијаз е различна бидејќи во договорот нема опција за откуп. Милан веќе заполнал преговори со Реал Мадрид и ќе се обиде да ја продолжи позајмицата за уште една година со опција за откуп следното лето.