Претседателот на Интер, Стивен Жанг денес ќе има средба со тренерот Антонио Конте на која ќе разговараат со иднината на клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Конте после цели 11 години му донесе Скудето на Интер, но сега ќе бара ганаранции од претседателот за следната сезона.
„Нероаѕурите“ имаат големи финансиски проблеми и доцнат со исплата на платите, па медиумите шпекулираат дека може да бидат продадени некои од ѕвездите.
Конте сака да биде сигурен дека нема да бидат продадени најголемите ѕвезди, но и дека ќе се засили тимот за да остане на кормилото.
Претседателот Жанг ќе се обиде да го убеди тренерот да остане на клупата, а се ќе биде јасно после завршувањето на состанокот.
Hoje às 18h deve acontecer a reunião entre Conte e Zhang.
— FC Internazionalizando🏆🇮🇹 (@InterNZlizando) May 20, 2021
🗞️Libero pic.twitter.com/S0ks6fhlwS