Mладинскиот репрезентативец на Македонија, Бесар Гуџуфи вчера го официјализираше големиот трансфер во Бешикташ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гуџуфи се пресели во Бешикташ после само шест месеци поминати во клубот, а Беласица за него доби 500.000 евра.
Нормално тој истакна големо задоволство што ќе игра за турскиот гигант.
„Среќен сум што дојдов во најдобриот тим во Турција. Од денеска мојата цел е да бидам се подобар и подобар на секој нареден натпревар и да го дадам максимумот во дресот на Бешикташ“, изјави Гуџуфи.
Според информациите од Турција Гуџуфи ќе добива плата од 8.000 евра месечно, а потпиша договор на пет години.