Дома Македонски спорт Мак фудбал Комити: Прва, втора, трета, општинска…Вардар засекогаш! Ќе го вратиме клубот на вардарците и народот 🎥

Комити: Прва, втора, трета, општинска…Вардар засекогаш! Ќе го вратиме клубот на вардарците и народот 🎥

Навивачката група на Вардар „Комити“ не го остава клубот во едни од најтешките денови во клупската историја.

Вардар буквално е оставен на немилост на Самсоненко кој го заглави клубот во Долгови, додека Град Скопје не може или не сака да најде решение да го спаси најголемиот спортски бренд во државава. Целиот хаос во клубот доведе до тоа Вардар да испадне во втора лига.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Најверните навивачи на Вардар покажаа дека за нив не е важно каде ќе игра Вардар, тие секогаш ќе бидат покрај него.

“Оние кои го сакаат Вардар на ваков начин го испраќаат и кога испаѓа во втора лига !Бевме тука од почетокот, останавме до крајот…Не е важен рангот на натпреварување, кога се работи за една голема и искрена љубов.Прва, втора, трета, општинска…ВАРДАР ЗАСЕКОГАШ !А таму ќе бидеме уште побројни…Таму ќе бидеме уште посилни…Таму ќе го вратиме Вардар на Вардарците и Народот !“, порачаа преку социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени имињата на клубовите кои добија лиценца настап во Европа

Одделнието за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека …