Дома Фудбал Одлуката на Лапорта е јасна: Познато кога Куман ќе добие отказ

Одлуката на Лапорта е јасна: Познато кога Куман ќе добие отказ

Шпанските медиуми вчера објавија дека Куман по крајот на сезоната најверојатно ќе добие отказ во Барселона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Куман на кормилото на каталонскиот клуб пристигна пред година дена, но во првата сезона не се прослави. Барселона го освои Кралскиот куп, но потфрлија во Ла Лига и ЛШ.

Шпанските медиуми вчера објавија дека Куман скоро сигурно на крајот од оваа сезона ќе добие отказ иако помина само една сезона на клупата на Барселона.

Тој со Барса има договор уште една година, но Лапорта не е задоволен од неговите резултати и свесен е дека нешто мора да менува во екипата. Многумина очекуваа Куман оваа недела да добие отказ, но тоа нема да се случи.

Лапорта одлучи дека најдобро е да го почека крајот на сезона до кој остана уште еден натпревар, а потоа ќе разговара со Куман и фудбалерите за да дојде до најдоброто решение.

Каталонски Спорт утрово објави дека Лапорта не крие дека сака да го врати Чави во клубот веќе ова лето, но исто така цел му е на добар начин да се раздели со Куман и не сака да му даде отказ додека сезоната не заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Соништата се едно, реалноста е друго: Бернардо Силва сака да игра за еден клуб, но тоа е (не)возможно!?

Бернардо Силва ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната и неговата желба повторн…