Сега веќе поранешниот фудбалер на Монако, Бакајоко, денес го комплетираше неговиот трансфер во Челзи.
Бакајоко минатата сезона беше еден од најзаслужните за големиот успех на Монако со кој успеа да стигне до полуфиналето од Лигата на шампионите, а неодмна дебитираше и за репрезентацијата на Франција.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
22 годишниот фудбалер потпиша петгодишен договор со клубот од Лондон и ќе го носи дресот со број 14.
„Многу сум среќен што сум тука, пристигнувам во фантастичен клуб. Јас растев гледајќи го Лелзи, потписот беше само формалност, ова клубот кој го сакам од детството. Со нетрпение чекам да истрчам на терен со новите соиграчи“, истакна Бакајоко.