Барселона е во потрага по квалитетен дефанзивец, а италијанските медиуми пренесуваат дека е силно заинтересирана за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли.
Преговорите помеѓу Милан и Ромањоли за продолжување на договорот не одат во добра насока, па дефанзивецот на лето ќе влезе во последната година од договорот.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона, која веќе стапила во конаткт со неговиот манеџер, Мино Раиола.
Со оглед на фактот дека Ромњоли влегува во последната година од договорот неговата цена во моментов изнесува 30 милиони евра, а Барса е спремна да ја плати бидејќи во него гледа идеална замена за Умтити.
Ромањоли во последно време го загуби местото во стартниот тим од Томори, па Милан е спремен да го продаде на лето.