Дома Трансфер зона Јунајтед спреми 50 милиони за дефанзивец на Севиља

Јунајтед спреми 50 милиони за дефанзивец на Севиља

Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец, откиваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако стана јасно дека Упамекано ќе се пресели во Баерн Минхен, „црвените ѓаволи“ се насочија кон стоперот на Севиља, Жул Кунде.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунер Солскјер останал воодушевен од квалитетите на 22-годишниот дефанзивец и ќе се обиде да го донесе на „Олд Трафорд“ на лето.

Кунде има договор со Севиља до 2024 година со откупна клаузула од 82 милиони евра, па на Јунајтед нема да му биде лесно да го доведе, бидејќи и конкуренцијата е голема.

Последните информации се дека Севиља е спрмена да го пушти за 50 милиони евра, сума која „црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…