ПСЖ отпатува на припремите, а на списокот нема тројца играчи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како и што можеше да се претпостави Хатем Бен Арфа и Криховијак не се во плановите на Унаи Емери, но надвор од екипата во овој момент е и Серж Ауриер.
Веројатно ова е знак дека Ауриер ова лето ќе го напушти „Паркот на Принцовите“, бидејќи после доаѓањето на Дани Алвеш тој би паднал во втор план.Најголем интерес за Аурирер до овој момент покажуваше токму поранешниот клуб на Дани Алвеш, Јувентус.
Со продажбата на Бонучи во Милан, Јувентус сигурно има доволно пари да плати сума помеѓу 20 и 25 милиони евра за десниот бек. Покрај Јувентус, мал интерес за Ауриер покажува и Интер, додека за Бен Арфа и Криховијак за сега нема заинтересирани.