Екипата на Спортинг го прекина постот од две децении.
Тимот од Лисабон синоќа ја освои 19. титула во Португалија, прва после 2002. година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во натпревар од 32. коло, Лавовите ја победија Боависта со 1:0 и со тоа му се одлепија на Порто со недостижни осум бода на две кола пред крајот.
Јунак на Спортинг беше Паулињо кој со погодок во 36. минута му донесе победа на својот клуб.
VAMOSSSSS!! 💥#SCPBFC | 1-0 | #LigaNOS #DiaDeSporting pic.twitter.com/enUZfAmaan
— Sporting Clube de Portugal 🏆 (@Sporting_CP) May 11, 2021
Покрај Спортинг во Лига на шампиони ќе играат Порто и Бенфика, додека Брага ќе настапува во Лига Европа.
Лигата скоро сигурно ќе ја напушти Национал, додека Рио Аве, Боависта и Фаренсе ќе водат грчевита борба за опстанок во последните две кола.