Дома Трансфер зона Покетино проговори за трансферот на Рамос

Покетино проговори за трансферот на Рамос

Во последно време се погласни се шпекулациите за евентуален трансфер на Серхио Рамос во Пари Сент Жермен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рамос се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид и на лето ќе биде слободен агент, а медиумите тврдат дека е најблиску до трансфер во ПСЖ.

Денес конечно на оваа тема се огласи и тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино.

„Рамос во ПСЖ? Не сакам се уште да зборувам за тоа. Серхио се уште е фудбалер на Реал, но времето ќе покажи што ќе се случи. Ние сакаме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот. Силната конкуренција е здрава за тимот“, истакна Покетино.

Покетино не негираше евентуален трансфер на Шпанецот во Париз, а тоа ги засили шпекулациите дека Рамос има договор со „светците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…