Легендарниот шпански фудбалер, Андрес Иниеста денес се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено вчера беше објавено дека Иниеста денес ќе одржи прес-конференција и многумина очекуваа славниот шпански фудбалер да објави крај на кариерата.
Иниеста денес го слави својот 37 роденден и на крајот на оваа сезона му истекуваше договорот со Висел Кобе каде што пристигнап ред години кога ја напушти Барселона. Неодамна се опорави од тешка повреда на коленото и се врати на теренот, а откако вчера беше најавена вонредната прес-конференција очекувањата беа да соопшти дека става крај.
Меѓутоа изненадувањето дојде кога Иниеста денес соопшти дека ќе го продолжи договорот со јапонскиот клуб и дека се уште не сака да оди во пензија.
Un gran día! ❤️⚽️🎂
— Andrés Iniesta (@andresiniesta8) May 11, 2021
素晴らしい日 ! ❤️⚽️🎂 #LaHistoriaContinúa#歴史は続く#8HeretoStay#VisselKobe pic.twitter.com/QF8d0rOY8S