Дома Трансфер зона Јунајтед му нуди на Санчо помала плата, отколку пред една година

Јунајтед му нуди на Санчо помала плата, отколку пред една година

Примарна цел на Манчестер Јунајтед ова лети повторно ќе биде Џејдон Санчо, а „црвените ѓаволи“ спремаат понуда од 80 милиони фунти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Јунајтед не успеа да го донесе англискиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ минатото лето, а проблем беше токму цената од 120 милиони евра.

Јунајтед минатата година за Санчо понуди 100 милиони евра со вклучени бонуси, но оваа година цената на фудбалерот падна.

Прва причина за намалување на цената е новонастанатата финансиска ситуација поради пандемијата. Втората причина е слабата форма на Санчо оваа сезона, а англиските медиуми тврдат играчот веќе има договор со „црвените ѓаволи“.

И платата на Санчо на „Олд Трафорд“ ќе биде помала во однос на понудата која ја добил минатата година, но секако ќе заработува скоро двојно повеќе актуелната плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…