Дома Топ вести Милан незапирлив: Поголема понуда за Белоти од 40 милиони и уште двајца други?

Милан незапирлив: Поголема понуда за Белоти од 40 милиони и уште двајца други?

Челниците од Милан изгледа решиле да ги „пореметат“ сите колеги и конкуренти во летниот преоден рок. Како што објавува италијански Sky, Росонерите се во потрага по шпиц напаѓач, па затоа ја зголемија понудата за Андре Белоти од Торино. Новата милионска сума сега гласи 40 милиони евра плус Габриел Палета и Мбај Нијанг.

Кога ќе се собере и пазарната вредност на понудениот тандем како замена за Белоти, испаѓа дека оваа варијанта на трансфер на Белоти во Милан би чинела околу 65 милиони евра, што е далеку помала од 100 милиони евра колку што бара за напаѓачот претседателот на Торино, Урбано Каиро.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сепак, изгледа дека првиот човек на Торино за нијанса ги преценил своите можности, но и ги потценил преговарачките способности на новата управа од Росонерите која многумина ја дочекаа со скепса. Набрзо ги демантираа луѓето од кинескиот конзорциум кои го купи италијанскиот клуб.

Инаку, еден од факторите во потенцијалниот трансфер на Белоти може да претставува и фактот дека тој признал оти навива за Милан уште од мали нозе. Локалните италијански медиуми тврдат дека просторот за продолжување на преговорите и приближување на ставовите од двете страни постои, што предизвикува оптимизам кај навивачите на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Бензема може да потпише за Фенербахче

Карим Бензема после една година помината во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европ…