За првпат во својата историја најтрофејниот македонски клуб, Вардар испадна во втората лига.
Ваквата ситуација секако е разочарување за нвивачите, но ако се погледне колку проблеми имаше вВардар во годините наназад тогаш ова сценарио можеби и не би зачудило толку многу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендата на црвено-црните Кочо Димитровски во изјава за „Фокус“ не го криеше разочарувањето.
„Ова што се случи е срам за клубот. Срам ми е што сум бил дел од ваков еден гигант. Виновници за оваа ситуација се само луѓето кои го водат клубот, а не играчите или тренерите. Како може Вардар тоа да си го дозволи? И многу поголеми клубови испаѓале во понизок ранг, но се враќале брзо. Вардар направи грешка пред пет години, кога требаше да испадне, па направи фузија со Миравци. Многу чудни работи се случија во клубот. Без пари никој не игра, а со деца од 17-18 години не може да се натпреварувате цела сезона против најсилните“.
Спас Димитровски гледа во доаѓањето на некој шеик.
„Единствен спас е во клубот да дојде некој шеик, да ги подмири сите долгови и да го врати Вардар на правилен пат. Да дојдат да работат домаќини луѓе, а не апаши и багабонти“, изјави Димитровски за Фокус.