Дома Фудбал Лига на шампиони На Реал Мадрид, Барселона и Јувентус им се заканува забрана за настап во ЛШ

На Реал Мадрид, Барселона и Јувентус им се заканува забрана за настап во ЛШ

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус се соочуваат со можна забрана за настап во Лигата на шампиони, откако трите екипи основачи на пропадната Суперлига одбија да потпишат „договор за реинтеграција“ со УЕФА.

УЕФА објави дека се договори со деветте клубови кои се откажаа од Суперлигата, а планира да ги казни клубовите кои и понатаму остануваат во Суперлигата, а тоа се Реал Мадрид, Јувентус и Барселона.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Реал Мадрид, Барселона и Јувентус не се откажуваат од идејата за Суперлига, зашто им требаат пари, но тоа може скапо да ги чини, односно да заработат суспензија од УЕФА.

УЕФА соопшти дека би можела да ги суспендира гигантите кои нема да се повлечат од Суперлигата на две години од сите европски натпреварувања.

Веднаш пристигна реакција и од трите клубови кои не се откажаа од идејата и порачаа дека и покрај притисокот и заканите ќе продолжат со реализирање на проектот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

(Видео) Фудбалски судија ја застрелал својата девојка во Мостар, па сакал да си „пресуди“

Босанските медиуми пишуваат дека Анис Калајџиќ, кој е фудбалски судија со големо искуство …