Дома Топ вести Дали Рамос со еден потег го откри новиот клуб!?

Дали Рамос со еден потег го откри новиот клуб!?

Договорот на Серхио Рамос истекува на крајот на сезоната и се уште не може да најде заеднички јазик со „кралскиот“ клуб за продолжување на соработката.

Рамос не ја исклучува можноста после цели 16 години да го напушти Реал Мадрид, а најсилен интерес за неговиот потпис покажува Пари Сент Жермен.

ПСЖ му нуди 3-годишен договор со плата од 12 милиони евра по сезона плус бонуси, а еден потег на Рамос додатно ги разгоре шпекулациите.

Рамос испрати порака до Нејмар на објавата дека го продолжил договорот со парижаните, а шпанските медиуми сметаат дека така го најавил неговиот следен клуб.

Притоа Рамос почна да Инстаграм да следи неколку фудбалери на Пари Сент Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…