Златан Ибрахимовиќ одбил понуда од екипа од САД и се надева дека ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед.
Како што пренесуваат медиумите, Швеѓанецот одбил годишна плата од 6 милиони фунти за да може да ја продолжи кариерата под водство на Жозе Мурињо.
Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Галакси и Лос Анџелес беа заинтересирани за неговите услуги, но тој се одлучил да остане во Европа. „SunSport“ уште на почетокот на оваа недела истакна дека Ибрахимовиќ чека да се опорави од повредата и да потпише нов договор со „Црвените ѓаволи“.
Ибрахимовиќ на масата имаше две големи понуди, да ги прифател би бил најплатениот играч во американската лига, но сепак, на тој начин тој покажа дека сака да остане во Европа и да игра на највисико ниво.