Дома Трансфер зона Мурињо во Рим ја носи португалската ѕвезда

Мурињо во Рим ја носи португалската ѕвезда

Италијанските медиуми пренесуваат дека португалскиот играч за врска, Ренато Санчез е главна трансфер цел на Рома.

Ренато Санчез важеше за најголем европски талент, направи трансфер во Баерн каде не се снајде. Сега ја „оживеа“ својата кариера во Лил, каде веќе втора сезона игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Жозе Мурињо сака да направи силен тим во Рома и како прва трансфер цел го посочил својот сонародник, а се верува дека агентот Жорге Мендеш ќе му помогне во реализација на трансферот.

Лил за неговата слобода бара околу 30 милиони евра, сума која Рома е спремна да ја плати за да ја исполни желбата на новиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…