Дома Трансфер зона Шчешни го кочи трансферот на Донарума во Јувентус

Шчешни го кочи трансферот на Донарума во Јувентус

Медиумите на Апенините веќе неколку недели пренесуваат дека Џанлуиџи Донарума е пред трансфер во редовите на Јувентус.

Наводно, голманот и челниците на Јувентус ќе направат финални разговори по крајот од сезоната каде треба да бидат договорени и деталите за трансферот на голманот во торинскиот клуб.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Според информациите Јувентус на Донарума му понудил 5-годишен договор според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона, но за реализација на трансферот има еден проблем.

Имено, Јувентус мора прво да се ослободи од Шчешни за да го комплетира трансферот на Донарума, но тоа нема да биде воопшто лесно.

Шчешни моментално заработува 7 милиони евра и во моментов нема ниту еден клуб кој е спремен да му даде толкава плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…