Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед го сака „новиот Видиќ“

Манчестер Јунајтед го сака „новиот Видиќ“

Дефанзивецот на Фиорентина и српски репрезентативец, Никола Миленковиќ игра уште една одлична сезона и е на мета на многу европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со Фиорентина.

Приоритет на Солскјер на лето ќе биде доведување на централен дефанзивец и верува дека Миленковиќ може да биде „новиот Видиќ“ на Олд Трафорд.

Србинот на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Фиорентина ќе мора да го продаде, а за неговата слобода бара 30 милиони евра.

Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати таа сума и сака да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Србинот интерес покажуваат уште Челзи, Милан и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…