Ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл, кој оваа сезона игра на позајмица во Тотенхем, може да ја продолжи кариерата во Евертон, пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Велшанецот е трансфер цел број еден на Карло Анчелоти, со кого имаа одлична соработка во Реал Мадрид.
Оваа сезона Бејл на 30 меча постигна 14 гола и 3 асистенции, но раководството на „спарси“ нема намера да го откупи неговиот договор и играчот на лето ќе се врати во Мадрид.
Јасно е дека за него повеќе нема место на „Сантиаго Бернабеу“, па Евертон ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација.