Дома Топ вести Стигна потврда од Сантјаго Бернабеу: Тој официјално е новото засилување на „Кралевите“

Стигна потврда од Сантјаго Бернабеу: Тој официјално е новото засилување на „Кралевите“

Младиот фудбалски репрезентативец на Шпанија, Дани Себаљос, е третото засилување за европскиот првак Реал Мадрид, откако претходно на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнаа Тео Фернандес и Хесус Ваљехо.

Реал на својата официјална интернет страница потврди дека со Бетис го договорил трансферот на Дани Себаљос, кој со клубот ќе потпише шестгодишен договор.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Кралскиот клуб“ информира дека младиот шпански репрезентативец ќе биде официјално претставен како нов играч на клубот на 20 јули во 13 часот. Ден подоцна тој со новите соиграчи ќе замине на подготвителната турнеја во САД.

Реал за трансферот на Себаљос ќе издвои 18 милиони евра.

Дани Себаљос на неодамна завршеното Европско првенство за играчи до 21 година, на кое Шпанија го освои второто место, беше прогласен за најдобар играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…