Жозе Мурињо е нов тренер на Рома, легендарниот Португалец неодамна доби отказ во Тотенхем, но не чекаше долго на нов ангажман.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Мурињо во својата кариера единствено со Тотенхем не успеа да освои ништо. Сон Хеунг Мин, еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем денес имаше интервју за клупската страница и со солзи се прости од Жозе.
„Толку е тажно што си замина без успех. Тоа е човек кој освои се. Ние сме единствениот тим во кој немаше голем резултат и поради тоа ми е навистина тешко. Сепак, за мене секогаш ќе биде еден од најдобрите тренери во светот“, изјави Сон.
Son on Mourinho: "For me he is still one of the best managers in the world"
— The Spurs Web ⚪️ (@thespursweb) May 4, 2021
📹 @christinemol
pic.twitter.com/YfpGOcQe4r