Репрезентативецот на Македонија, Езџан Алиоски наредните четири години ќе го носи дресот на Лидс Јунајтед, потврди клубот на својата официјална интернет страница.
Алиоски во Лидс пристигна од швајцарскиот прволигаш Лугано за кого минатата сезона постигна 16 голови во првенството.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Алиоски во новиот клуб ќе го носи дресот со број 9.
Инаку, Лидс се натпреварува во Втората лига на Англија (Чемпионшип дивизија), а во новата сезона има амбиции да се врати во Премиерлигата.