Дома Фудбал Ѕвездата на ПСЖ делеше храна на бездомниците на улиците во Париз 📸

Ѕвездата на ПСЖ делеше храна на бездомниците на улиците во Париз 📸

Напаѓачот на ПСЖ и репрезентацијата на Италија, Моисе Кин овој викенд делеше храна на бездомниците во Париз.

21 годишниот Кин одлучи да помогне на бездомниците и подели голема количина на храна. Кин објави фотографии од овој негов хуман гест со цел неговиот пример да го следат и другите кои можат да помагаат.

Претходно во слични хуманитарни акции од играчите на ПСЖ учествуваа Андер Ерера и Јулијан Дракслер.

Кин во ПСЖ дојде од Евертон на позајмица, прикажува солидни настапи, но прашање е дали ќе остане затоа што „карамелите“ за откуп на неговиот договор бараат 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал го следи Тресолди: Бриж бара околу 50 милиони евра

Николо Тресолди постигна 12 гола на 14 натпревари, а покрај Арсенал го следат уште три анг…