Дома Трансфер зона Бонучи вечерва станува „росонер“, Јуве во „лов“ на Германецот од Реал!

Бонучи вечерва станува „росонер“, Јуве во „лов“ на Германецот од Реал!

Одличниот дефанзивец на Јувентус, Леонардо Бонучи, најверојатно вечерва ќе стане член на Милан.

Како што наведуваат италијанските медиуми, италијанскиот дефанзивец го договорил трансферот на „Сан Сиро“, а преостанува само клубовите ја договорат оштетата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Бјанконерите“ за услугите на 30 годишниот фудбалер бараат 40 милиони евра, додека Милан нуди 10 помалку, но вечерва се очекува договорот да биде постигнат. Покрај парите Милан е спремен во трансферот да го вклучи и Матија Де Шиљо.

Јувентус парите од овој трансфер ќе ги искористи за нови засилувања, а како една го главните мети се истакнува Тони Крос. Наводно италијаскиот шампион е спремен за Крос да испрати понуда од околу 70 милиони евра.

Бонучи кариерата ја започна во Интер, па така најверојатно ќе има стане еден од ретките кој ја имал таа чест да биде дел од Интер, Јувентус и Милан.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…