Милан е силно заинтересиран за напаѓачот на Селтик, Одсон Едуард, пренесува „Скај Спорт“.
Едуард игра одлично во Селтик и го привлече вниманието на многу европски клубови, а би можел кариерата да ја продолжи во Серија А.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Едуард потекнува од школата на ПСЖ од каде се пресели во Селтик и сезонава на 37 меча постигна 20 гола и запиша 6 асистенции.
Тој има договор со шкотскиот клуб до јуни 2022 година, но Селтик е спремен да го продаде на лето за да заработи на неговото заминување.
Милан во наредните денови ќе испрати официјална понуда во која ќе биде вклучен и Лаксалт, кој сезонава игра на позајмица во Селтик.