Денес се играа натпревари од првата македонска лига и во нив видовме четири гола за кои најголеми винвоници беа голманите.
Робсон Да Силва од Македонија Ѓорче Петров е познат по својот силен удар, но денес постигна гол од далечина благодарение на голманот на Пелистер Давор Талески.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на Пелистер не беше единствениот свој ден немаше и Марко Јовановски од Академија Пандев. Јовановски се избламира со катастрофалната проценка, веројатно очекуваше таа топка да оди надвор од рамките во голот, но заврши во неговата мрежа.
Не беа помали грешките на дуелот Работнички – Шкендија каде што Јанков и Талески примија голови од ситуации од кои не требаше да бидат поголем проблем.