Дома Фудбал Марсело поради бизарна причина нема да игра на реваншот во Лондон

Марсело поради бизарна причина нема да игра на реваншот во Лондон

Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело би можел да го пропушти реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони против Челзи во Лондон.

Причината за тоа е што треба да се одржат избори за Собранието во Мадрид, а фудбалерот на Реал по случаен избор е избран за еден од членовите на одборот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според шпанскиот закон, граѓаните кои се избрани не смеат да ја одбијат оваа функција, но секогаш имаат седум дена да испратат писмо со оправдана причина за отсуство.

Сега останува на Реал да се избори во следните седум дека да го „спаси“ Марсело од избирачкиот одбор, а „кралевите“ ќе мора со многу силни аргументи да издејствуваат такво нешто.

Засега Марсело не доби дозвола да замине во Лондон, зашто не сметаат дека полуфиналниот меч е поважен од изборите на 4 мај.

Пред речиси две години сличен случај имаше и екипата на Леванте, чиј голман Аитор Фернандез беше избран за член на одборот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…