Алекс Грималдо веќе некео време е цел на многу европски клубови, поради одличните натпревари во дресот на Бенфика.
Момчето кое потекува од Ла Масија никогаш не доби вистинска шанса во Каталонија, Бенфика го купи и тој во Лисабон игра одлично.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„АС“ пренесува дека главната битка за потписот на 25-годишниот Шпанец ќе ја водат Атлетико Мадрид и Манчестер Сити.
Договорот на левиот бек со Бенфика истекува во 2023 година, а во него има откупна клаузула од 60 милиони евра.
Грималдо оваа сезона има одиграно 37 меча на кои постигна 2 гола и запиша 8 аситенции.