Легендарниот Диего Армандо Марадона почина минатата година и тоа го потресе целиот фудбалски свет.
По неговата смрт беше отворена истрага за расветлување на случајот, а сега се објавени и нови детали според кои докторите би можеле да добијат затворска казна.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Резултатот од дополнителниот извештај за смртта на Марадона ќе се достави до аргентинското обвинителство, а медиумите во Аргентина пишуваат дека личниот доктор на Марадона Леополдо Луке и медицинската сестра Агустина Косачев направиле голема грешка.
Извештајот покажал дека Марадона починал од срце и хронични проблеми кои ги има лсо бубрезите и црниот дроб. Како што се наведува докторите не посветиле доволно внимание во текот на рехабилитацијата и тоа предизвикало смрт кај легендарниот фудбалер.
Низ медиумите се шпекулира дека за таквиот однос двајцата би можеле да бидат обвинети како за уб*ство и им се заканува затворска казна од 8 до 25 години.