Дома Фудбал Германија Готово е: Има договор и помеѓу Баерн и Лајпциг!

Готово е: Има договор и помеѓу Баерн и Лајпциг!

Како и што се очекува, откако вчера беше објавено дека Баерн и Нагелсман се договориле, денес „Билд“ објави информација и дека има договор помеѓу клубовите.

Нагелсман има договор со Лајпциг до 2023 година, но беше јасно дека по договорот кој го постигна со Баерн ќе се пресели во Минхен. Утрово е објавено дека конечниот договор е постигнат и Нагеслман на крајот од сезоната ќе се пресели во Баерн.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според информациите Нагелсман ќе потпише договор со Баерн на пет години и ќе заработува околу осум милиони евра.

Исто и Лајпциг ќе помине одлично затоа што Баерн ќе им плати сум од 25 милиони евра како оштета затоа што тој се уште има договор. Тука ќе бидат вклучени и некои бонуси, меѓутоа за какви суми се работи се уште не се знае.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…