Дома Фудбал Циркус во Ла Лига: Судијата означи крај, па ги врати играчите од соблекувална да играат уште една минута

Циркус во Ла Лига: Судијата означи крај, па ги врати играчите од соблекувална да играат уште една минута

Тимот на Севиља стигна до важна победа против Гранада и така остана во игра за шампионската титула во Шпанија бидејќи сега имаат само бод помалку од Реал Мадрид и Барселона и три од лидерот Атлетико.

Интересна ситуација беше видена во победата над Гранада. Судијата Рикардо де Бургос дуелот го продолжи четири минути, а потоа следуваше вистински хаос. Прво означи крај кога истече третата минута и играчите веќе се упатија во соблекувалните.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Меѓутоа потоа доби информација од ВАР дека прерано го завршил натпреварот и ги повика сите играчи да се вратат на теренот и да играат уште една минута. Се доигра таа една минута, но играчите на Гранада не успеаа да се заканат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погба е уште поблиску до целта

Фудбалерот на Монако Пол Погба е чекор поблиску до долгоочекуваното враќање на теренот, от…