Дома Трансфер зона Милан и Интер тргнаа по дефанзивец на Јунајтед

Милан и Интер тргнаа по дефанзивец на Јунајтед

Миланските гиганти Интер и Милан на лето ќе водат битка за потписот на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Солскјер е во потрага по нов дефанзивец, а тоа значи дека минутажата на Баи додатно ќе се намали, па самиот фудбалер побарал трансфер.

Баи на лето влегува во последната година од договорот па тоа е последна шанса Јунајтед да заработи на неговото заминување.

Ситуацијата внимателно ја следат миланските гиганти Интер и Милан и сакаат да го донесат дефанзивецот во Милано.

Интер има одлична соработка со Манчестер Јунајтед и во последните години донесе четворица фудбалери од „Олд Трафорд“.

Негов агент е Мино Раиола кој веќе имал средба со двата клуба, а Јунајтед за слободата на играчот бара 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…