Дома Трансфер зона Кутињо ставен на продажба, позната и цената

Кутињо ставен на продажба, позната и цената

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта планира на лето да го продаде Кутињо, дури и тоа да биде за цена пониска од неговата реална вредност.

Главната причина за продажбата се 20-те милиони евра кои Каталонците ќе мораат да му ги платат на Ливерпул, ако Кутињо запише 100 настапи за Барселона.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Во моментов Кутињо има 90 настапи во дресот на Барса, а повредата оваа сезона го спречи да дојде до 100-от настап.

Каталонски „Спорт“ тврди дека Барселона сака за неговата слобода да добие 50 милиони евра, но е спремна да прифати и помала понуда за Кутињо.

Најсилен интерес за Кутињо покажуваат неколку клубови од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…