Дома Фудбал Гундоган: Новиот формат на ЛШ е помалото зло од Суперлигата

Гундоган: Новиот формат на ЛШ е помалото зло од Суперлигата

Фудбалерот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган имаше интересен став во врска со брзиот распад на Суперлигата од која клубовите се откажаа 48 часа по нејзиното формирање.

Гундоган истакна и дека е незадоволен од новиот формат на Лигата на шампионите кој треба да стартува со сезоната 2024/2025, односно играњето поголем број натпревари.

„Со се околу Суперлигата…може ли да ве замолам да зборуваме за Лигата на шампионите? Се повеќе и повеќе натпревари, дали некој размислува на нас играчите? Новиот формат на ЛШ е помалото зло од Суперлигата.

Сегашната Лига на шампиони е сосема добра за нас како играчи и навивачите“, смета Гундоган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем тргнува по Фофана, Јувентус ја чека својата шанса

Тотенхем и Јувентус наводно веќе го контактирале Милан за Јусуф Фофана, додека Севилја теш…