Претседателот на Барселона Жоан Лапорта конечно се огласи и го кажа својот став за Суперлигата.
Од 12. клуба кои потпишаа да се формира ова натпреварување останаа само уште Барселона, Реал Мадрид и Јувентус, па затоа натпреварувањето е ставена на чекање. Сега првиот човек на Барселона порача дека Суперлигата е неопходна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Суперлигата е неопходна. Големите клубови вложуваат многу пари, платите на фудбалерите се огромни и тоа мора да се земе во предвид. Мора тоа да биде атрактивно натпреварување, но базирано на спортски успеси. Отворени сме за дијалог со УЕФА. Некои клубови се под притисокот, но проектот Суперлига и понатаму е тука“, изјави Лапорта.
На крајот Лапорта порача дека ќе одлучува и раководството.
„Нас ни е најважно да ги браниме нашите интереси. За се ќе одлучуваме кон крајот на мај со членовите на клубот“, истакна првиот човек на Барселона.