Давид Алаба после цели 13 години ќе го напушти Баерн Минхен на крајот на сезоната како слободен агент.
Најверојатно сагата околу неговиот нов клуб заврши и Алаба ќе се пресели во Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Алаба за петгодишен договор ќе добива неделна плата од 190.000 евра, но и бонус при самиот потпис на договорот.
Алаба е поливалентен играч и може да игра во одбраната и во средниот ред, па Реал Мадрид го одреди како приоритет неговото доаѓање на „Сантиаго Бернабеу“.
Се наведува дека Крос имал голема улога во тоа Алаба да го избере Реал Мадрид. Германецот му објаснил каква е ситуацијата во клубот и што го очекува доколку потпише договор со „кралевите“. „АС“ додава и дека Крос го ангажирал неговиот агент за да му најде куќа во населбата во која живее и тој.
David Alaba has verbally agreed a 5-year contract until 2026 with Real Madrid. The contract is not signed yet, but will be in the next weeks. (Source: Sky Germany) pic.twitter.com/hySn0Tz2CF
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 20, 2021