Дома Фудбал Останато УЕФА одржа конгрес: Сите обединети против Суперлигата

УЕФА одржа конгрес: Сите обединети против Суперлигата

Во швајцарски Монтро денеска се оддржа 45. Конгрес на УЕФА каде сите учесници се обединија во тврдењето дека затворената Суперлига е против концептот на тоа што Европа мора да биде: отворена, принципиелна и со спортски вредности. 

„Уефа и нејзините членки веруваат во вистински европски модел заснован на отворена конкуренција, солидарност и прераспределба за да се обезбеди одржливост и развој на фудбалот за доброто на сите, како и промоција на европските вредности и социјални резултати.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Клубовите кои се дел од заговорот очигледно замижаа на фактот дека статусот што го уживаат денес не е резултат на изолиран случај, туку дел од динамичен европски систем во кој нечии успеси и неуспеси се подеднакво под влијание на големите, средните и малите клубови. Нивната претпоставка дека тие имаат право да се одвојат и да тврдат дека наследството е изградено од заеднички сили е навреда за европските вредности и спортски заслуги.

Уефа, нејзините членки и сите оние кои го сакаат фудбалот силно ќе се спротивстават на тоа и ќе се борат против потезите на сопствениците на овие клубови и сите оние кои ги поддржуваат. Во морална смисла, ние многу добро знаеме што стои зад сè и во таа смисла ќе го заштитиме фудбалот од себичен клан кој не се грижи за играта. Ние сме европски фудбал. Тие не се“, се вели во декларацијата.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шкендија ги дозна термините за натпреварите со Карабах

Екипата на Шкендија дојде уште еден чекор поблиску до битката за место во Лигата на шампон…