Репрезентацијата на Македонија до 17 години одигра нерешено против соодветната селекција на Црна Гора во рамките на првиот контролен натпревар одигран меѓу овие две селекции.
Противникот одлично го започна натпреварот, ја искористи несигурноста во нашата одбрана и преку Никола Медојевиќ поведе со 1:0. Во продолжението од првиот дел нашата селекција ги консолидираше своите редови, го притисна противникот и успеа пред крај на полувремето да постигне погодок за израмнување. Стрелец на голот за Македонија беше Мартин Ѓоргиевски во 41’.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во второто полувреме и двете репрезентации пропуштија по неколку добри прилики за постигнување на погодок, но без реализација. Најубавата прилика за Македонија ја имаше Марко Стојилевски.Во 55’ од средбата, Црна Гора не успеа да реализира удар од белата точка.
Фото: ФФМ