Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер на лето ќе прави реконструкција на одбраната.
На крајот на сезоната „нероааѕурите“ ќе се разделат со Ранокиа, Дамброзио и Коларов, па Конте е во потрага по еден искусен дефанзивец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Директорот Марота работи на засилувања на одбраната, а прва мета е дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг.
Боатенг потврди дека на крајот на сезоната ќе се раздели со Баварците како слободен агент бидејќи двете страни нема да го продолжат договорот.
Интер сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со 32-годишниот Германец.
„Нероаѕурите“ му нудат на Боатенг двегодишен договор со опција за уште една сезона, а тој е спремен да се пресели во Серија А.