Одлуката 12 европски гигнати да формираат нова Суперлига предизвика бура на реакции во фудбалска Европа.
УЕФА веднаш реагираше и се закани со исфрлање на овие клубови од националните првенства и забрана нивните играчи да играат во репрезентациите.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Фудбалскиот свет смета дека ова е „игра на богатите“ кои само сакаат да го зголемат профитот.
Меѓутоа, претседателот на Суперлигата, Флорентино Перез вели дека ова е проект за „спасување на фудбалот“, бидејќи во време на пандемија клубовите се натрупани со долговори и им се заканува бакрот, а УЕФА не им нуди никаква помош.
Медиумите денес детално ги објавија долговите на сите 12 клубови кои ја формираа Суперлигата и тие се навистина загрижувачки.
Најмногу долгови има Челзи, нешто повеќе од 1,5 милијарди евра, а потоа следува Тотенхем со 1,28 милијарди евра и Барселона со 1.17 милијарди евра.
Реал Мадрид има долгови во висина од 901 милион евра, Интер (630), Манчестер Јунајтед (528)…
Најдобро стојат Арсенал и Милан, кои се единствените клубови кои немаат долгови кон банки, туку само за тековни побарувања од 125 односно 151 милион евра.