Дома Трансфер зона Интер тргнува по Ерик Ламела

Интер тргнува по Ерик Ламела

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е сериозно заинтересиран за играчот на Тотенхем и аргентински репрезентативец, Ерик Ламела.

Спортскиот директор на „нероаѕурите“ Валтер Сабатини е голем љубител на играта на Ламела со кого соработуваше во Рома и сака да го донесе во Интер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Нероаѕурите“ бараат таков профил на играч, а поради потешкотиите да дојдат до потписот на Пасторе, сега ќе се насочат кон Ламела.

Аргентинецот не добива доволно минутажа во Тотенхем и не е задоволен од својот статус, па и тој самиот е спремен да ја промени средината.

Ламела пристигна во Тотенхем од Рома за 35 милиони евра, одлично ја познава Серија А и сигурно ќе биде големо засилување за „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед договори големо засилување

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …