Дома Фудбал Адеми може да го напушти Динамо, но само под еден услов?

Адеми може да го напушти Динамо, но само под еден услов?

Летово Арјан Адеми би можел да ја промени средината и да го напушти Динамо Загреб, меѓутоа само за клуб од топ пет првенства.

Во редовите на Динамо Адеми е од 2010 година и одбил повеќе понуди, неколку пристигнаа минатото лето. Најсериозни беа шпански Бетис и Ал Наср од Саудиска Арабија, на крајот сепак македонскиот репрезентативец остана во Динамо.

„Адеми остана затоа што не заборави што клубот направи за него пред две години кога беше суспендиран, се чувствуваше должен за да врати на Динамо. Ја одби понудата од Саудиска Арабија за да помогне тимот да направи исчекор во Европа. Сега кога тој исчекор е веќе направен, Адеми може да се проба во некоја од најсилните, топ пет лиги“, најавуваат хрватските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал заврши сè за 36 минути: Три гола за сигурна победа во Сантандер

Мбапе од пенал, Белингам и Диоманде погодија уште во првото полувреме за победа на Реал Ма…